25 Април, 2024
0.0383

ДУРИ 60.000 ДОМАЌИНСТВА СЕ ВО ГРЧ - уште нема решение за парното

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Дали утре скопјани ќе се разбудат со студени радијатори, е прашање кое мачи околу 60 илјади домаќинства во земјава, кои, само за потсетување, уредно си ги плаќаат своите сметки за топлинска енергија. Сепак ова е најизвесен исход од препукувањата вчера меѓу Владата од една страна и БЕГ и ТЕ-ТО од друга страна по што компанијата снабдувач рече дека има моќност да обезбеди парно само уште денеска. Другата страна има опција да постави привремена управа над приватната компанија, но до попладнево такво решение не е потврдено.

ОБНОВЕНО: Според последните неофицијални информации, Министерството за економија донело одлука што ќе прави за надминување на овој проблем, а министерот Крешник Бектеши тоа ќе и го соопшти на јавноста на пресконференција која ќе се одржи вечерва во 19 часот.

Според Министерството за економија, БЕГ е приватна компанија која врши услуги од јавен интерес и своите обврски мора да ги исполнува, а во спротивно, на компанијата ќе ѝ биде одземена лиценцата за работа. Од таму утрово најавија дека Владата денеска ќе донесе одлука која ќе биде во интерес на домаќинствата кои се греат на парно. 

Сепак ставот беше тој што вчера го кажа првиот човек на Регулатопрната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, дека доколку БЕГ престане да испорачува топлинска енергија, лиценцата ќе им биде одземена, и ќе треба да се воспостави привремена управа врз компанијата од страна на државата. Нашите информации се дека ако тоа се случи, како снабдувач ќе се јави државната компанија ЕСМ.

Доколу радијаторите утре останат ладни, единствена опција на тие семсјтва ќе им биде греење на струја, што може да го оптовари електроенергетскиот систем на државата.

Фактор постави серија прашања и до БЕГ но и оттаму нема одговор досега. Ги прашавме дали фактот што компанијата објави дека има енергенс за обезбедување на парно греење за скопјани само за до крајот на денешниот ден, значи дека утре граѓаните ќе се разбудат со ладни радијатори и дали во текот на целиот утрешен ден и наредните денови граѓаните ќе останат без парно? Потоа, прашавме и како сметаат дека може да се реши оваа состојба, која според нив е опцијата. Исто така, прашавме и како го коментираат фактот што од Владата велат дека нема шанси да се исплати директно парична сума на сметката на БЕГ за набавка на гас и зошто ги одбиле трите опции копи им ги понудила Владата, но и како го коментираат фактот што од РКЕ велат дека следен чекор ако не испорачуваат топлина е да им се одземе лиценцата и првивремената управа над БЕГ да ја преземе државна компанија. 

Се уште немаме одговори ниту од кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, на прашањата доколку не се најде решение за БЕГ, и државата постави привремена управа врз компанијата, што веќе и сосема извесно, колку пари треба да издвои Владата од Буџетот за набавка и производство на потребниот енергенс за топлинска енергфија за скопјани, како и на прашањето колку тоа ќе чини на месечно ниво и има ли во Буџетот пари за таа намена, со оглед на тоа што државата и сега го субвенционира ЕСМ за производство на електрична енергија.

Околу овој проблем остануваат во сила вчерашните соопштенија од БЕГ, каде тие велат дека енергетската криза продолжува и во новата 2022 година со висока ценана гасот на берзите која директно се одразува врз трошоците на работењето на компанијата.

„Како општествено одговорна компанија информираме дека немаме повеќе ресурси за обезбедување финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифита за производство на топлинска енергија со што не ќе можеме да продолжиме со производство на топплина.

За да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија во ПТБЕ, предложивме Владата да ја превземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона“, пишуваат од БЕГ.

Нагласуваат дека одобрената тарифа за топлинска енергија од Регулаторната Комисија за Енергетика покрива незначителен дел од зголемените трошоци. 

„Владата и нашата компанија вложија големи напори да се покрие финансискиот јаз помеѓу набавната берзанска цена на природниот гас и одобрениот трошок во тарифата за производство на топлинска енергија кој за месец Јануари 2022 година изнесува 9 милиони евра. Сепак поради постоење објективни пречки за обезбедување финансиски средства од државата, сеуште не е најдено решение за овој горлив проблем.

Во меѓувреме од почетокот на грејната сезона ПТБЕ самостојно од своите ограниени тековни средства и приливи ја финансира набавката на природниот гас. Цената на гасот за месец Јануари 2022 година согласно договорот со добавувачот на природена гас е определена како средна цена на јануарските фјучерси во месец декември 2021 година, кога цените на берзите достигнаа највисоко ниво. Добиваме голема помош од компанијата ТЕ-ТО АД која со своите испораки на топлинска енергија во системот ја намалува потребата за набавка на природен гас во износ оддополнителни 5 милиони евра. Владата се заложи за итно плаќање на доспеаните фактури на буџетските потрошувачи. Сепак, ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден“, порачуваат од БЕГ.

Реагираа и од ТЕТО.

„Согласно постоечкиот договор за набавка на природен гас кој ТЕ-ТО АД Скопје го има со важност до 31.01.2022 година, производната цена на електричната енергија од неговата постројка, со вклучен трошок за произведена, но ненаплатена топлинска енергија изнесува 270 EUR/MWh без вклучен ДДВ. Во случај на наплата на топлинската енергија, производната цена на електричната енергија од ТЕ-ТО АД Скопје изнесува 251 EUR/MWh без вклучен ДДВ. Продажба на електрична енергија под производната цена означува работење во загуба на ТЕ-ТО АД Скопје. Притоа, напоменуваме дека испораката на топлинска енергија од ТЕ-ТО АД Скопје само делумно го решава проблемот на БЕГ АД Скопје. За комплетно решавање на проблемот е неопходно дополнително финансирање на БЕГ АД Скопје“, соопштија од ТЕТО синоќа во вечерните часови.

Засега нема дополнителни информавции ниту од Владата, ниту од РКЕ, ниту од компаниите, што всушност утре ќе се случува, и како ќе се надмине проблемот. 

А, 60 илјади скопски домаќинства, кои после нова година и онака се соочуваат со ограничена испшорака на топлинска енергија, се прашуваат како ќе го поминат утрешниот ден. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?