19 Април, 2024
0.0318

ДУРИ 96 ПРОЦЕНТИ ОД БРИТАНЦИТЕ РАЗВИЛЕ АНТИТЕЛА ПО ПРВАТА ДОЗА: Прво истражување во реалниот живот по вакцинацијата

Објавено во: Свет 18 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Повеќе од 90 проценти од Британците развиле антитела откако ја примиле првата доза на вакцината АстраЗенека или Фајзер, а скоро 100 проценти од вакцинираните развиле по втората доза, покажува истражувањето спроведено на 8517 луѓе во Англија и Велс.

Студија на научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) покажа дека 96,42 вакцинирани, развиле антитела во период од 28 до 34 дена по првата доза, а процентот се зголемил на 99,08 проценти во рок од седум до 14 дена по втората доза, пишува Гардијан.

„Двете вакцини беа подеднакво добри во стимулирање на развојот на антитела потребни за контрола на Ковид-19. Ова е едно од првите истражувања во реалниот свет за вакцината против ковид во Велика Британија и е одлична вест “, вели д-р. Меди Шротри, водечки автор на студијата, додавајќи дека вакцините работат исклучително ефикасно, особено со оглед на брзината со која се развиваат.

Резултатите од студијата се базираат на анализа на 13.232 примероци на антитела земени од крвта на 8.517 возрасни учесници во студијата.

„Важно е да се напомене дека никој од нив немаше антитела пред да ја прими првата доза на вакцината, и сите потенцијални учесници во студијата за антитела беа исклучени од тоа. Секој ќе мора да се вакцинира со обете дози на вакцината за да се смета за „безбеден“, вели авторот на студијата.

Просечната возраст на учесниците во студијата беше 65 години, бидејќи студијата беше спроведена кај постара популација, кои први беа вакцинирани во Велика Британија. Кампањата за вакцинација во Велика Британија започна на 8 декември 2020 година.

Истражувањата покажаа дека нивото на антитела првично се зголемува побрзо кај луѓето кои примиле вакцина Пфајзер отколку во групата што била вакцинирана со вакцината на АстраЗенека, но по четири недели и и двете вакцини постигнале скоро исто ниво на антитела.

Истражувачите исто така откриле дека, по првата доза на вакцината, нивото на антитела е малку пониско во постарата возрасна група, но по добивањето на втората доза, се постигнуваат униформни нивоа на антитела во сите возрасни групи.

Исто така, забележано е дека нивото на антитела е помало кај лица со малигни заболувања како што се рак, оние со дијабетес и срцеви заболувања. Но, таа разлика исчезнува откако сите учесници во студијата добиле втора доза од вакцината, открва студијата.

„Податоците сугерираат дека развојот на антитела кај постарите лица и кај оние кои претходно страдале од одредени болести е нешто послаб по првата доза на вакцината, но дека е исклучително потентен по втората доза“, вели проф. Роб Олдриџ, раководител на студијата.

Коавторите на студијата, која помина рецензија пред да биде објавена во медицински списанија, велат дека нивните откритија сугерираат дека секој треба да се вакцинира со обете дози на вакцината за да се смета за „безбеден“, особено кога станува збор за стари лица и луѓе со хронични здравствени проблеми.


Можеби ќе ве интересира

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија