ДУРИ И ДА ГИ ОСУДАТ ЕНВЕР И ГРУБИ, А И ТОА Е ЗНАК ПРАШАЛНИК, МИЈАЛКОВ ЌЕ СИ ОСТАНЕ СЛОБОДЕН ЧОВЕК: Адвокатот Јанаки распали за последните случувања
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2024
Адвокатот Јанаки Митровски го даде своето мислење за последните случувања со ставањето на Груби и Беџети на црната листа на САД.
„Дури и да ги осудат Енвер и Артан, а и тоа е знак прашалник, Мијалков ќе си остане слободен човек. Едноставно со криминалните измени на КЗ настапи апсолутна застареност. Не сум водел сметка за конкретниот предмет со прислушкувањето, но дури и да се дигне обвинение против Груби и Беџети, тој процес ќе трае со години за кое време секако ќе настапи апсолутна застареност за сите дела на бате Саше.
Енвер и ќе си остане судија, затоа што за влечење на предметите на Мијалков “одговараше”- го казнија 20% од плата ха ха ха.
Груби ќе си ужива во нашите милиони и ќе му биде грижа за црната листа отприлика колку што им е на Љубе и Тачи кои преку две децении се на истата.
Бог да ја прости баба ми Кираца убаво велеше- од свињи гајда не бива!!!“, напиша тој.