19 Април, 2024
0.0451

ДУРИ В САБОТА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ДАЛИ ДА ПРОДОЛЖАТ СО БЛОКАДИТЕ: Во меѓувреме, продолжуваат протестите и главоболките за скопјани

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Околу 200 автобуси на приватните превозници и денеска четврти ден продолжуваат да блокираат неколку главни улици во Скопје.

Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“ во изјава за медиумите информира дека во сабота ќе одржи состанок координативното тело на приватните превозници, на кој ќе очекува да одлучат за понатамошните мерки.

– Како што спомнав, бесот се повеќе се фокусира кон главниот виновник за состојбава – управата на Град Скопје. Не можам да кажам ништо пред време. Треба да е состане координативното тело на превозниците, но со оглед на тоа дека се повеќе се стеснува кругот, се повеќе аргументите излегуваат на виделина и се надевам дека фокусот ќе биде тука пред управата на Град Скопје. Фокусот на нашето незадоволство и аргументите што секој ден излегуваат на виделина ни даваат за право да го фокусираме нашиот бес и протест овде пред градската управа. Не е исклучена можноста воопшто, но тоа ќе мора да го договориме на координација штом мислам во сабота ќе ја одржиме, рече Муриќ.

Тој потврди дека остануваат на ставот ниту еден превозник да не се јави на јавниот повик од страна на Град Скопје, посочувајќи дека тоа е само обид за разединување и разбивање на единството на приватните превозници.

Приватните превозници бараат од Град Скопје да се подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства.

Инаку, вчера директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски изјави дека целосно се повлекува
предводувањето на протестот на приватните превозници во градот Скопје, за како што рече, да не се злоупотребува неговото име, а блокадите остануваат и понатаму. Во однос на новиот јавен повик од
страна на Град Скопје, тој рече дека никој од превозниците присутни на протестот кои досега ја извршуваа својата дејност нема намера да се пријави, доколку долгот не биде расчистен.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени