Дурловски го напушта Собранието
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2020
Пратеникот на „Коалицијата за Обнова на Македонија“ Игор Дурловски, вечерва соопшти дека го напушта Собранието.
„Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас“, пишува тој на Фејсбук.