Дурловски тврди дека влегол 30 минути после топлата и не држел потпалувачки говор
Објавено во: Македонија 24 Август, 2018
Обвинетиот Игор Дурловски за настаните од 27 април лани, рече дека ќе се докаже дека тој влегол 30 минути после топлата и дека не држел потпалувачки говор ниту пред, ниту во Собранието.
„Ако пеењето на химната е грешка, тогаш сум згрешил и ќе грешам“- кажа Дурловски.
На третото продолжение на судскиот процес за насилствата во македонското Собрание од 2017 година, што се одржува денеска во Кривичниот суд во Скопје, одбраната продолжи да ги изнесува воведните зборови.
Дел од обвинетите се изјаснија дека не чувствуваат вина.
Бев во погрешно време на погрешно место. Подобро да сум умрел него да сум влегол внатре, рече актерот Владо Јовановски од движењето „За заедничка Македонија“ во воведниот збор на денешното судење.
Во воведниот збор на Обвинителството на 22 август, обвинителката Вилма Русковска кажа дека дека улогата на пратениците биле да ја пуштат толпата во Собранието, а на водачите на здружението „За заедничка Македонија“ да ја поведуваат масата кон Собранието со нивните потпалувачки говори.