Душко Арсовски повеќе нема да биде владин портпарол
Објавено во: Македонија 21 Март, 2023
Душко Арсовски ја напушти функцијата портпарол на Владата.
„Душко Арсовски денеска го завршува својот ангажман како портпарол, на негово барање и ќе продолжи со друг предизвик во својата професионална кариера“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Рече дека Арсовски две и пол години функционираше професионално и е заслужен за оценката за најтранспарентна институција во државата.
Арсовски за портпарол на Владата е именуван на 13 октомври 2020 година на владина седница, откако претходно долги години работеше како новинар и уредник во Македонската радио-телевизија (МРТ).
фото принтскрин