Дувњак: Останувам уредник на 1ТВ
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019
Уредник на информативната програма на 1ТВ, Гордана Дувњак, вели дека останува во телевизијата затоа што има заснован работен однос на неопредлено време, пшо последните случувања со апосењето и притворањето на неформалниот сопственик Бојан Јовановски во случајот „Рекет“.
- До сега компанијата ги исполнува сите обврски кон мене и јас останувам овде на работа, а за понатаму останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата. Колку што знам, другите имиња за кои се пишува во медиумите имаа договори на дело и сезоната на нивните емисии заврши на 1 јули, односно тие не се вработени овдека - ни одговори Дувњак.
Засега е познато дека на Ацо Кабранов, Јадранка Костова и Борјан Јовановски им се истечени хонорарните договори.