Два астрономски феномени викендов на небото
Објавено во: Свет 18 Јануари, 2019
Во Северна и Јужна Америка, како и во делови од Европа, в недела ќе можат да го набљудуваат затемнувањето на Месечината. Истовремено, таа ќе биде релативно поблиску до Земјата при што ќе ја гледаме поголема, посветла, но и поцрвена. Феноменот е наречен „црвена Супер-месечина“.
Процесот ќе започне во недела навечер или во понеделник рано наутро во зависност од тоа на кој дел од Земјата ќе се набљудува овој феномен. Сенката на Земјата целосно ќе ја прекрие Месечината во тек на 62 минути.
Затемнувањето се случува кога Месечината, Земјата и Сонцето ќе бидат наредени во иста линија.