Два земјотреси ја стресоа Хрватска за еден час
Објавено во: Балкан 14 Мај, 2021
Два земјотреси имаше во рок од еден час во Хрватска.
Првиот се случил во 17:39 часот на подрачјето Бановина, а вториот во 18:30 часот. Првиот бил со јачина од 2,5 степени, вториот со јачина од 3,4 степени по Рихтер.
Овие земјотреси беа во близина на Петриња, каде што лани се случи разорен земјотрес. Во регионот денеска имаше земјотреси во Грција, Бугарија, Словенија.