Два земјотреси регистрирани во Македонија
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2019
Два земјотреси денеска се регистрирани во Македонија, од 2.3 и 2.5 степени.
Земјотресот од 2.5 степени, бил на длабочина од 9 км и бил со епицентар на 11 км од Охрид.
Вториот земјотрес од 2.3 степени бил со епицентар на 8 км од Охрид и на длабочина од 4 км.
Минатата недела во овој регион имаше повеќе потреси.