20 Април, 2024
0.0313

Дванаесет лекари и медицински сестри на АРМ од денеска распоредени во тријажниот центар на Интерните клиники

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Медицински персонал од Воено медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри од денеска се вклучува во работа на интерните клиники каде има неколку ковид оддели, информира Министерството за здравство.

Оттаму посочуваат дека оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка земајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокот на кризата се посветени на ковид пациенти.

Медицинските екипи кои доаѓаат од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пацинети во ковид одделенијата. По прогласување на кризната состојба, освен со медицински персонал, Армијата како невооружена сила е поддршка на полицијата во ковид центрите низ државата. Во петокот. Министерството за одбрана му предаде 10. 000 брзи тестови на Министерството за здравство, донација од Кралството Норвешка, а на почетокот од месецот Армијата даде на користење и 5 амбулантни возила како поддршка при справување со последиците од пандемијата на Корона вирусот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите