ДВАЕСЕТГОДИШНИ МОМЧИЊА СО ПРИНТЕР СИ ПРАВЕЛЕ ПАРИ: Уапсени за фалсификување
Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2023
СВР Велес поднесе кривична пријава
против Д.Р. (21) и В.М. (22), двајцата од Велес, поради постоење
основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На
22.05.2023 во Велес, пријавените со употреба на скенер-принтер,
фалсификувале банкноти-денари и ги пуштиле во оптек како вистински. При
извршен претрес во нивните домови, одземени се скенер-принтер, компјутер
и две банкноти од по 100 денари и една од по 1000 денари.