Двајца кардиолози од Тетово се заразени со КОВИД-19?
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2020
Двајца кардиолози од Тетово се заразени со коронавирус, објави доцна синоќа ТВ 21.
Од редакцијата контактирале со Министеството за здравство, од каде повеќе детали најавиле за денешниот ден.
Во текот на последното деноноќие беа новозаразени 199 лица.
Починаа осуммина, од кои и една 24 годишна девојка.
Дали имала коморбидитети за кои не знаела, ќе се истражува во следните денови.