20 Април, 2024
0.0274

Двајца починати во немирите во САД, Трамп најави распоредување на војска низ улиците

Објавено во: Свет 02 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Две лица загинаа во Сисеро, предградие на Чикаго, во немирите што избувнаа за време на протестите за смртта на Џорџ Флојд, соопштија официјални лица и агенции.

Портпаролот на градскиот совет во Чикаго Реј Ханани изјави дека 60 луѓе биле уапсени во градот со 84,000 жители западно од Чикаго. Тој не даде повеќе детали за идентитетот на убиените, ниту за околностите на нивната смрт.

Државната полиција на Илиноис и канцеларијата на шерифот на округот Кук, беа повикани да им помогнат на локалната полиција во понеделникот, додека демонстрантите упаднаа во продавница за алкохол и други локали за да крадат производи, додаваат агенциите.

Две лица се повредени кога возило удрило во група полицајци на демонстрациите во понеделникот вечерта во Бафало, Њујорк. Повредените полицајци се во стабилна состојба и се задржани во Медицинскиот центар во округот Ери.

Поглаварот на епархијата во Вашингтон остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп кој организираше посета на историската црква Св.Јован крај Белата куќа, каде што беше фотографиран со Библија, откако безбедносните сили ги распрскаа мирните демонстрации од таа локација со солзавец и шок бомби.

"Јас ги мобилизирам сите федерални и локални сили, цивили и војски, за да ги заштитам правата на американците кои се придржуваат кон законот. Ако некој град или држава одбие да преземе дејства неопходни за да ги одбрани животите и имотот на нејзините граѓани, тогаш јас ќе ги распоредам армијата и ќе го решам проблемот брзо за нив". рече Трамп.


Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп