ДВЕ БЕБИЊА ПОЧИНАА ОД КОВИД-19: Тажна вест од Хрватска го потресе регионот
Објавено во: Балкан 02 Мај, 2021
Две предвремено
родени бебиња починале во болница во Осијек, пренесуваат хрватските медиуми. Резултатите
на починатите бебиња покажале дека тие биле позитивни на Ковид-19.
Според извештаите во медиумите, предвремено родените бебиња имале други тешки коморбидитети.
Во последните 24 часа биле тестирани 317 примероци во Осијек, од кои 58 биле позитивни на корона вирусот. Во текот на последните 24 часа починаа осум лица од областа на осјечко-барањската жупанија, од кои шест биле на возраст од 47 до 91 година, како и двете предвремено родени бебиња.
ФОТО: Jutarnji list/Vlado Kos / CROPIX