Две дами на раководните позиции - менаџерски промени кај пазарниот лидер Кроациа

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2019
Менаџерски промени на раководните позиции на брендот Кроациа осигурување Живот и Неживот, моментален лидер на пазарот на осигурување во земјава. Директорските места во двете компании ги превземаа две дами - Вилма Учета Дузлевска после 8 успешни години како Генерален извршен директор на Кроациа осигурување Живот преминува на функција Генерален извршен директор на Кроациа осигурување Неживот АД Скопје.
Раководната позиција на Кроациа осигурување Живот пак ја превзема Маја Станковска Костова која е повеќе од 10 години дел од семејството на Кроациа и доаѓа од позиција Директор на поддршка на продажба и едукација.
Од компанијата соопштуваат дека и следната година продолжуваат со континуираниот развој и со креирањето нови производи.
„Наредната година ќе продолжиме со развојната линија на компанијата креирање на нови производи и јакнење на брендот на Кроациа Осигурување на нашиот пазар. Со традицијата и довербата која ја има изградено брендот Кроациа осигурување и во годините кои доаѓаат ќе им понудиме сигурност и висок квалитет на производи и услуги на нашите осигуреници и нивните најблиски. Наша долгорочна цел е развојниот пат да продолжи стабилно да се движи напред, велат од компанијата.
Можеби ќе ве интересира
Грците ќе ги враќаат иселените со плати од 3.000 евра

Крсте Шајноски е нов претседател на Агенцијата за супервизија на осигурувањето

Кумановски тутунски бос, Мексиканец со македонско потекло ... на „црната листа“ должници на УЈП

Анализа: Странските компании ја билдаат технолошката тежина на индустријата

Кои се и колку заработуваат македонските ТОП 10 извршители

Да се изгради гасно поврзување Струмица – Петрич, бараат македонските и бугарските бизнисмени

Формирање на регионален енергетски пазар преку подобрување на енергетската поврзаност помеѓу Македонија и Бугарија

УТРИНСКИ ФОКУС: Кои прилепски фирми ги прават најголемите пари
