Две лица нападнати од кучиња скитници
Објавено во: Македонија 21 Март, 2018
На 20 март, 33-годишната О.Д. од Скопје пријавила дека околу 9 часот на мостот „Гоце Делчев“ била касната од куче скитник за левата нога. На Скопјанката и била укажана лекарска помош на Инфективна клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Според информациите од МВР, вториот случај се случил во Неготино. Имено М.Ѓ.(47) пријавил дека додека се движел по улица „Гоце Делчев“ во Неготино, бил каснат од куче скитник, при што му биле нанесени телесни повреди.