25 Април, 2024
0.0420

Две национални награди за проектите на ЕВН за Електромобилност и Знаковен јазик

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Проектот на ЕВН Македонија „Електромобилност со ЕВН“ ја освои првата награда во категоријата однос кон животната средина на доделувањата на наградите за Најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија за 2019 г. Електромобилноста е светски тренд кој носи многубројни предности за корисниците на електричните возила, општеството и животната средина, а ЕВН се приклучи кон овој тренд така што разви целосна инфраструктура за полнење на електрични возила низ државата.

Во рамките на овој проект, во 17 градови на фреквентни и јавно достапни површини се инсталирани 40 станици за полнење, со цел да се овозможи патување на поголеми дистанци со електрични возила. Со ова значително се поттикна користењето на овие возила, кои се еколошки, поекономични и поефикасни од обичните со што директно се придонесува за намалување на аерозагадувањето и бучавата во градовите. Користењето на станиците за полнење во промотивниот период е бесплатно, со картичка која може да се обезбеди за секој корисник преку пријавување на веб страната www.evn.mk, на emobility@evn.mk како и во Инфо центарот на ЕВН.

Проектот „Гласни раце во ЕВН“ доби признание во категоријата односи на пазарот. Стратегиска определба на ЕВН е да создава услуги достапни за сите. Затоа воведувањето на сигнален, односно знаковен јазик при комуникација со корисниците со оштетен слух ќе придонесе за големо унапредување на квалитетот на услугата за овие граѓани.

ЕВН за­ед­но со „На­ци­о­нал­ни­от со­јуз на глу­ви и наг­лу­ви ли­ца“ и „Асо­ци­ја­ци­ја­та на тол­ку­ва­чи на зна­ко­вен ја­зик“ ја изра­бо­ти­ја и ја спроведоа првата еду­ка­тив­на про­гра­ма за знаковен јазик за ус­луж­нен пер­со­нал на теми од енергетиката. Лицата со општетен слух веќе можат да комуницираат со вработените во Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ во Скопје, а во фаза на подготовка е второто ниво на едукација на вработените.

Минатата година ЕВН Македонија ја доби првата награда во категоријата односи со вработени со проектот „ЕВН Волонтира“, програма за поттикнување на волонтерството кај вработените и создавање на подобра животна средина и поубави заедници со ангажирање на личен труд.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка