Две туристки во две земји загинаа при силно невреме
Објавено во: Свет 16 Јуни, 2019
Силно невреме денеска ги погоди Франција и Швајцарија, при што најмалку две жени загинаа.
Една туристка се удавила во Женевското Езеро, кога поради силните бранови се превртел чамецот во кој таа се наоѓала. Во Франција, туристка загина кога дрво откорнато од силниот ветер, паднало врз камп приколката во која таа била сместена. Паѓал пороен дожд, имало град и ветер што на места достигнувал и до 122 километри на час.