Две земји ги повикаа своите граѓани да не патуваат во САД
Објавено во: Свет 06 Август, 2019
Две земји советуваат нивните граѓани да не патуваат во САД.
Уругвај и Венецуела ги предупредија своите граѓани да не патуваат во САД поради насилствата од омраза и масовните убиства во Тексас и во Охајо, каде минатиот викенд загинаа најмалку 31 лице.
Градовите Детроит, Балтимор и Албукерк се особено потенцирани, како едни од 20-те најопасни градови во светот во 2019 година.
Министерството за надворешни работи на Уругвај ги повика своите граѓани кои патуваат во Соединетите американски држави да бидат „претпазливи поради дискриминаторското насилство што е во пораст во САД, особено за злосторствата од омраза мотивирани од расизам и дискриминација“.
Наведено е дека уругвајските граѓани „треба да бидат особено претпазливи во врска со неконтролираното поседување оружје од страна на локалното население и неможноста на властите да спречат напади во густо населените области“.
Министерството за надворешни работи на Венецуела, ги советуваше своите граѓани да го одложат патувањето во Соединетите американски држави по трагичните настани од минатиот викенд.