ДВЕТЕ ЗЕМЈИ СЕ ОБВИНУВААТ: Руски и американски воен брод за малку ќе се судреа
Објавено во: Свет 07 Јуни, 2019
Блиската средба имаше меѓу руски и американски воен брод, при што за малку ќе се судреа.
За малку ќе дошло до судир меѓу американски и руски воен брод во Источно Кинеско Море. Двете страни заемно се обвинуваат за агресивното разминување.
Морнарицата тврди дека УСС Ченселорсвил бил принуден „да маневрира за да избегне судир“ со другиот брод, што е речиси истото што го вели руската страна за инцидентот.