Двојно убиство ја потресе Хрватска, син ги уби мајка си и татко си
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2022
Жител на хрватскиот град Пула денеска ги уби своите родители.
Полицијата пристигнала на местото на злосторството околу 16 часот и 15 минути и во куќата пронашла две мртви лица. Глас Истре, објави дека жртвите се Д.Б. и Н.Б., а убиецот е нивниот 30-годишен син В.Б., кој се предал на полицијата.
Како што соопшти портпаролката на истарската полиција, Сузана Сокач, дури по завршување на истрагата ќе се знае точното време на смртта на двете лица, а потоа ќе биде објавено и како се убиени. Таа додаде дека полицијата претходно не постапувала на оваа адреса, особено не поради нарушените семејни односи. Синот и е познат на полицијата, но не за дела кои вклучуваат насилство.