23 Април, 2024
0.0285

Џабе блиндиран Мерцедес со мала километража за само 230 илјади евра

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Тие што ги следат огласите за купување на автомобили на старо сигурно се почуствувале како да ги погодила огромна среќа откако слушнаа дека ќе има оглас за половен мерцедес со непробојни стакла наменет за ВИП личности се продава за една третина од набавната цена од над 600 илјади евра.

Премиерот Заев на постизборниот митинг кога веќе беше јасно дека ќе формира влада најави дека мерцедесот кој го набавуваа функционери на МВР за поранешниот премиер Никола Груевски, ќе го продаде и со парите ќе набави амбулантни возила.

„Владата денеска донесе одлука да се изврши продажба на патничкото моторно возило Мерцедес Бенц С600 преку електронскиот систем за јавно наддавање со кој управува и оперира Министерството за финансии. Почетната проценета вредност на овој автомобил, согласно проценката на  Бирото за судски вештачења, изнесува 14.372.208,00 денари (230.000 евра). Јавното наддавање ќе се изврши електронски на интернет страницата www.e-aukcii.finance.gov.mk“ велат од Владата на Република Македонија.

„Тенкот“ влезе и во правосудна постапка откако СЈО поведе обвинение со истото име како дел од повеќето Т истраги, базирани на прислушуваните телефонски разговори објавени како „Бомби“ во проектот за вистината на Заев и СДСМ.

Набавката на ова скапо возило од причини за задоволување на луксзот на владиниот врв додека државата е во длабоки долгови беше основа за СДСМ да критикува дека власта на Груевски целосно се одалечила од народот.

Сега, новата влада падна во замката да оствари загуба за скапо набавениот блиндиран мердесот кој е во служба на транспорт на политичари од меѓународната сцена на највисоко ниво, но и за државните врвни органи. Практично, Владата е во загуба од околу 400 илјади евра.

Контра аналитичарите специјализирани за комуникациски науки ќе речат, пак дека ниската почетна цена е само доказ за начинот на кој претходната влада од ВМРО-ДПМНЕ се грижела за одржување на скапо набавените средства во квалитетна состојба и дека штетата е сторена уште тогаш, па сега се вади максимумот кој и ќе ги задоволи очекувањата на новите следбеници на власта.

Ќе биде интересно да се види и кој ќе биде купувачот кој ќе понуди почетна цена на јавна аукција од 230.000 евра и до каде ќе стигне цената ако има други заинтересирани купувачи и дали воопшто таа личност ќе го користи блиндираниот мерцедес на македонските улици.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост