24 Април, 2024
0.0291

Џафери: Да се договорат за избори во следните две недели

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Дополнителните 14 дена вонредна состојба се доволни за лидерите на партиите да постигнат консензус околу одржувањето на парламентарните избори. Да седнат и да се договорат. Доколку тоа не се случи, институциите би требало да си ги преземат обврските, рече  претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери по денешната седница на Советот за безбедност.

Според Џафери, постигнувањето консензус е одговорност на партиските лидери, најмногу поради граѓаните – во вакви околности да се овозможи спроведување законит изборен процес и функционални институции.

Спикерот во заминување уште еднаш повтори дека Собранието се распушти, а може да го вратат само граѓаните низ процес на гласање.

-Апелирам до лидерите ова време да го искористат за комуникација, директна или индиректна. Тоа е нивна надлежност да смогнат сили и понајвеќе во интерес на граѓаните во вакви околности да можеме да спроведеме законит издржлив процес изборен што ќе може да создава соодветни институции. Според правилата, Собранието може да го врати само граѓанинот низ процес на гласање. Условите за гласање секако нема да бидат како што беа претходно и во претходните циклуси, но имајќи ги предвид предвидувањата ние мора да научиме сите поединечно, и како институции и како граѓани и како политички субјекти, да живееме со оваа појава за која во светски рамки прогнозата е дека ќе потрае. И во тој контекст ние не може да ги оставиме институциите во недоглед во нерешена ситуација, истакна Џафери.

Општа констатација на Совет за безбедност, рече, беше дека е потребно дополнително да се продолжи вонредната состојба.

-Ги добивме сите показатели по однос на состојбата со Ковид-19 и мислам дека ова време за кое ќе се продолжи вонредната состојба како што најави претседателот на државата, ќе биде доволно лидерите да ја доискористат можноста за да се изнајде консензус по она што си преземаа одговорност во октомври минатата година, да одлучат да одат на предвремени избори. Доколку лидерите не соберат сила или не се најдат по однос на консензусот, институциите одговорно би требало да си ги преземаат обврските и одговорностите работиве да си ги вратат во рамки на она што се законските и уставните решенија по однос на обврските коишто произлегуваат од одлуките на институциите, напомена Џафери.

Потсети и дека Собранието до крај ја испочитува политичка одлука и волја на партиските лидери од октомври минатата година да се оди на предвремени избори.

-Таа политичка волја на лидерите, односно на парламентарните партии и низ правна процедурална постапка таа одлука ја спроведе на дело и ги презема сите активности да ги спроведе сите обврски во смисла на избор на техничка влада на 3 јануари 100 дена пред изборите, да се распушти Собранието во соодветно време за да се обезбеди до 12 април да се има во рамки од 60 дена од Уставот како што ги прецизира роковите и во тој контекст сите ние се најдовме во една состојба поради вирусот и од таа причина и се дефинира таа состојба како вонредна и во вонредни околности пак кажувам институциите треба да ги преземаат обврските, одговорностите и надлежностите работава да си ја вратат во оние рамки коишто се пропишани со Устав и со закон, рече Џафери.

Одговорајќи на новинарско прашање, истакна дека во моментов функционални се три институции: Претседателот на државата, техничкиот премиер и Владата која е техничка, но сепак Влада.

-Меѓутоа, која и да е – таа е избрана влада од Собранието која според Уставот од моментот на самораспуштањето на Собранието Владата која и да е, дали таа е техничка, дали таа е политичка, дали таа е национален спас, не знам сега по терминологија која и да е, е во оставка. Тоа е уставна одредница. Со актот на самораспуштање на Собранието Владата е во оставка и функционира до избор на нова влада. И има надлежности поради вонредната состојба во ситуација кога Собранието не може да работи како што е констатирано со одлука на Уставниот суд дека не може Собранието да се собира да носи одлуки со законска сила, рече Џафери.

Дополни и дека претседателот на Собранието во заминување нема пратенички мандат, да претставува граѓани, бидејќи го вратил тој мандат, но има овластување од Собранието зашто е избран, а никој не го разрешил.

-Според Уставот претседателот на Собранието ги има сите надлежности да го претстави Собранието до новата конститутивна седница и ние имаме обврска да си ги направиме сите усогласувања, советувања со правните експерти во крајна истанца по кој пат и по која форма да ги решиме работите низ правна процедурална ситуација и аспект и да ги ставиме во правна рамка сите работи. Време се имало доволно политички да се комуницира, да се калкулира, но крајна истанца ние имаме одговорност како институции да ги преземеме овие работи и да ги решиме. Конкретно како ќе ги решиме тоа е работа на правна експертиза која што дополнително ќе се посоветуваме сите, имаме потреба и од дополнителни совети по однос на кој начин и која ќе биде техничката форма на правното спроведување на ова што го зборувам, објасни Џафери.


Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат