Џафери: Функционална држава нема да се случи преку ноќ, но мнозинството се залага за тоа

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2017 12:00
Новиот собраниски претседател на денешната онференција на тема „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“ во организација на граѓанската асоцијација „Мост“ истакна дека идниот чекор кој ја чека Македонија е избор на Влада.
Талат Џафери бара и очекува конструктивен пристап од новата опозиција што ќе седне во собраниските клупи.
„Без опозиција не можеме да зборуваме за парламентарна демократија. Притоа не мислам на опозицијата како декор, кој само ќе дава легитимитет туку, пред сè, на нејзината активна улога во сите процеси. Но, опозицијата треба да биде свесна дека парламентарното мнозинство треба да ја спроведе и да ја реализира својата програма, бидејќи врз основа на таа програма народот му ја дал довербата да ја води државата. Со конституирањето на парламентот, а наскоро и со избор на новата влада, ќе создадеме услови за почетокот на процесот со кој, како држава, но и како општество, ќе се вратиме на вистинскиот колосек кој води кон создавање функционална држава со самостојни и функционални институции што ќе работат, пред сè, во добробит на секој граѓанин. Тоа нема да се случи преку ноќ, но парламентарното мнозинство транспарентно покажува дека тоа е наша заедничка обврска“ – истакнал Џафери.
Тој меѓудругото ги повика институциите целосно да го истражат нападот во Собранието, а судовите врз основа на законите да решат дали некој е виновен или ќе го ослободат од вина.
Можеби ќе ве интересира
ЦИПРАС ПРИЗНАВА – „АКО НЕ ПОБРЗАВМЕ ЌЕ БЕВМЕ ПОД ПРИТИСОК ДА ГО ПРИФАТИМЕ УСТАВНОТО ИМЕ“: По седум години од Преспанскиот договор
МИЦКОСКИ СООПШТИ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА БРЗАТА ПРУГА: „Ќе значи многу во историска и транспортна смисла“

„ПРИСТИГНУВААТ РАЗНИ ПОРАКИ ОД СОФИЈА, СТАРИТЕ РЕКЛЕ ПОМАЛКУ СЛУШАЈ, ПОВЕЌЕ ГЛЕДАЈ ШТО РАБОТАТ“: Мицкоски вели Бугарија може да ги повлече амандманите во ЕП

Петар Ристески Пеката: Потпишав пристапница, но не станав член на СДСМ

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА ЧЕЛО“: „Нека гукнат!“, вели Ванковска

Бидете крајно внимателни, доаѓаат невреме, громови и појава на град!

„ЕДЕН ОД ПОГОЛЕМИТЕ ПОГРОМИ НА ОВАА НАПАТЕНА ДРЖАВА И НАРОД!“ Дуковски за седумгодишнината од Преспанскиот договор

НИКОЛОСКИ ВЕЛИ ДЕКА МИЈАЛКОВ Е ИСКЛУЧЕН ОД ПАРТИЈАТА, ИМ ДАДЕ СОВЕТ НА СДСМ ИСТОТО ДА ГО НАПРАВАТ СО ТИЕ ШТО СЕ СЛИКААТ ВО ДУБАИ СО ЗЛАТНИ ВИЗИ: Еве што тој открива тој
