19 Април, 2024
0.0254

Џафери кажа фала за поддршката од Бугарија за НАТО, Борисов задоволен

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Мир, стабилност, просперитет. Овие акценти ги стави во изјавата претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери по ратификацијата на страна на бугарскиот парламент на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

Џафери присуствуваше на дебатата на бугарските законотвроци и се заблагодари за безрезервна поддршка, која ја доби за евроатлантската иднина на Северна Македонија.

Според него потпишаниот договор за пријателство и добрососедство со Бугарија веќе дава резултат.

„Успеавме да потпишеме и договор со Грција, кој реши еден повеќегодишен спор. Сепак победи разумот, победи визијата“, рече тој.

„Од толку години чекање за пристапување во НАТО, НАТО за нас стана реалност со ратификацијата на протоколот од сите земји-членки“, рече уште Џафери.

Директорката на НС Бојата Карајанчева посочи дека Бугарија е подготвена да продолжи да ги решава проблемите на регионот и да се грижи за безбедноста.

„Бугарија и Северна Македонија можат да се гордеат со договорот за пријателство и соработка, кој го потпишаа - така покажавме дека ги бараме допирните точки и точките на согласност и така можеме да бидеме посилни“, рече таа.

Според неа европската политика на Западен Балкан за време на нивното претседателство со Советот на ЕУ се покажа корисен потег не само за Бугарија, но и за Балканот.

„Балканот долго време беа синоним за конфронтација, но примерот кој ние го дадовме, ја потврди категорично нашата заедничка решеност да работиме за мир, стабилност и суверенитет. Ја поздравувам Северна Македонија и за потпишување на Преспанскиот договор - тоа ја покажува неотповикливоста на евроатлантските процеси кои се развиваат во регионот. Така покажавме дека заедно можеме да наоѓаме решенија за приоритетите кои Бугарија ги има зацртано во своето европредседателство“, рече уште Карајанчева.

Му благодариме на парламентот и на пратениците за ратификување на Договорот за пристапување на Северна Македонија кон НАТО, рече премиерот Бојко Борисов на редовната владина средба.

„Го ратификувавме договорот за Северна Македонија, направивме многу напори, му благодариме на парламентот и на пратениците за оваа мудра одлука“, рече Борисов.



Фото: Димитар Косемарлиев, Dnes.bg


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?