25 Април, 2024
0.0294

ЏАФЕРИ МУ ДАВА ШАНСА НА ИВАНОВ ДА СЕ ПОПИШМАНИ: Договорот со Грција следната недела пред пратениците

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери најави дека седницата на која повторно ќе биде ратификацијата на Договорот со Грција ќе биде закажана за 5 или 6 јули.

Доколку и вториот пат шефот на државата одбие да го потпише указот, спред зборовите на Џафери, едно од можните решенија е Договорот со Грција да биде испратен во „Службен весник“ на објавување без потпис од шефот на државата, заедно со Законот за јазиците, кој исто така не го потпиша.

Џафери сепак „оставил простор“ претседателот Иванов да се предомисли и да го потпише ратификуваниот договор со Грција, како што кажал, во овој „историски момент за државата“.

Иванов на 26 јуни го извести Собранието дека одлучил да не го потпишува указот за прогласување на Договорот со Грција , кој парламентот го ратификуваше на 20 јуни со 69 гласа „ЗА“, без присуство на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Претходно неколку пати повтори дека тој документ никогаш нема да го потпише „без разлика на сите притисоци , закани и уцени“.

Џафери истакна дека парламентот мора да ги спроведува своите одлуки и сите кои имаат дилеми во врска со законите можат да поднесат иницијатива до Уставниот суд.

По повод референдумот за Договорот со Грција, Џафери кажа дека, доколку се одржи кон крајот на септември, мора да бде распишан до крајот на јули.

Можеби ќе ве интересира

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678