Џафери на гости кај Брнабиќ
Објавено во: Балкан 22 Мај, 2018
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од утре до 24-ти мај 2018-та година, ќе биде во официјална посета на Република Србија.
Во рамки на официјалната посета, претседателот на Собранието на Република Македонија ќе се сретне со претседателот на Народното Собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ, со претседателот на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ и со членовите на Групата за соработка.
Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери ќе биде придружуван од членовите на Пратеничката група за соработка со Собранието на Република Србија Иван Стоиљковиќ, кој е претседател на групата, и од Илија Николовски и Мирсада Емини Асани, членови.