20 Април, 2024
0.0265

Џафери на средба со екс претседателите на Собрание: Бојкот на Вељановски, Климовски и Георгиевски!

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Собранискиот спикер Талат Џафери ги собрал на средба поранешните претседатели на Собранието, дознава Фактор. Средбата била во текот на вчерашниот ден на барање на Џафери. Иако биле поканети сите поранешни претседатели на Собрание без исклучок, сепак на поканата се одзвале само дел. Според нашите сознанија на средбата присуствувале Стојан Андов, Тито Петковски и Никола Поповски. Иако, поканети биле и Љубиша Геогриевски, Саво Климовски и Трајко Вељановски сепак тие не присуствувале на оваа средба.

Поранешниот спикер Саво Климовски, кој беше претседател на Собранието во период од 1998 до 2000 година, потврди дека не присуствувал на средбата со Џафери.  

„ Во петокот ја добив поканата. Но ги информирав службите во Собрание дека имам неодложни обврски поради кои не можев да присуствувам и се извинив, вели Климовски за Фактор.

Покана имало и за Љубиша Георгиевски, кој беше претседател на Собранието во период од 2006 до 2008 година. Георгиевски  за Фактор потврди дека имал покана, но не отишол на средбата.

„Така сакав“ - одговара Љубиша Георгиевски на прашањето од кои причини не присуствувал на средбата со Џафери.

Ниту доскорешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски кој на оваа позиција беше од 2008 година па се досега, не бил на средбата со неговиот наследник. Со Вељаноски не успеавме да стапиме во контакт. Сепак, со оглед дека неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ не го признава изборот на Талат Џафери, отсуството на средбата се толкува токму во таа насока.

Во истата насока се толкува и отуството на Климовски и Георгиевски на денешната средба.  Инаку,  Климовски и Георгиевски, беа дел од протестите на движењето „За заедничка Македонија“, кое е одговорно за „Крвавиот четврток“ во Собранието, а Климовски неколку недели пред инцидентот во својот говор пред насобраните граѓани порача дека народот е на само 20 метри од Собранието.  

На средбата во Собранието, која траела час и половина со Џафери разговарале, Стојан Андов, Тито Петковски и Никола Поповски. При тоа поранешните претседатели размениле исукуства за функционирањето на Собранието,  и разговарале за работењето на оваа институција. Средбата на Талат Џафери со поранешните претседатели на Собранието е нова пракса, што досега не се применувала, но се смета за добар потег во однос на размена на искуства за работата на Собранието.  

Н.Н.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите