Џафери за Бета изјави дека е отворен за соработка со Србија, но е против запаливи изјави

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2017 16:12
Новиот претседател на Собранието, Талат Џафери во интервју за српската новинска агенција Бета денеска зборува за актуелните запаливи изјави во односите меѓу двете земји.
За обвинувањата на српските официјални претставници дека албанските политичари во регионот се закана за мирот и стабилноста не само на Западниот Балкан туку и во Европа, Џафери вели дека од политички аспект не е умесно политичките претставници на народите да се оквалифукуваат еден со друг на таков начин.
„Тие изјави придонесуваат кон влошување на односите, најнапред индивидуално меѓу претставниците на институциите, а тоа, се разбира, преку пропагандата ги допира и односите меѓу народите односно граѓаните на државите во регионот. Во секој случај би требало да се биде одговорен во контекст на изјавите, кои се даваат за своите колеги во други држави“- изјави Џафери за Бета.
Во интервјуто вели дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и тоа е реалност.
Тој рече дека Собранието и тој се отворени за соработка со институциите на Србија и оцени дека запаливите изјави на политичарите „во секој случај придонесуваат кон влошување на односите“ меѓу двете земји.
Можеби ќе ве интересира
ЦИПРАС ПРИЗНАВА – „АКО НЕ ПОБРЗАВМЕ ЌЕ БЕВМЕ ПОД ПРИТИСОК ДА ГО ПРИФАТИМЕ УСТАВНОТО ИМЕ“: По седум години од Преспанскиот договор
МИЦКОСКИ СООПШТИ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА БРЗАТА ПРУГА: „Ќе значи многу во историска и транспортна смисла“

„ПРИСТИГНУВААТ РАЗНИ ПОРАКИ ОД СОФИЈА, СТАРИТЕ РЕКЛЕ ПОМАЛКУ СЛУШАЈ, ПОВЕЌЕ ГЛЕДАЈ ШТО РАБОТАТ“: Мицкоски вели Бугарија може да ги повлече амандманите во ЕП

Петар Ристески Пеката: Потпишав пристапница, но не станав член на СДСМ

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА ЧЕЛО“: „Нека гукнат!“, вели Ванковска

Бидете крајно внимателни, доаѓаат невреме, громови и појава на град!

„ЕДЕН ОД ПОГОЛЕМИТЕ ПОГРОМИ НА ОВАА НАПАТЕНА ДРЖАВА И НАРОД!“ Дуковски за седумгодишнината од Преспанскиот договор

НИКОЛОСКИ ВЕЛИ ДЕКА МИЈАЛКОВ Е ИСКЛУЧЕН ОД ПАРТИЈАТА, ИМ ДАДЕ СОВЕТ НА СДСМ ИСТОТО ДА ГО НАПРАВАТ СО ТИЕ ШТО СЕ СЛИКААТ ВО ДУБАИ СО ЗЛАТНИ ВИЗИ: Еве што тој открива тој
