Џамбаски ја искоментира средбата на Заев и Урсула фон дер Лајен
Објавено во: Македонија 10 Мај, 2021
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ја искоментира средбата на премиерот Зоран Заев со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во Брисел и она што Заев таму го кажал.
Тој вели дека ја информирал Урсула фон дер Лајен за она што се случува во Македонија, додека простот се вперува кон Бугарија.
„Вистината е дека неколку месеци по прекинот на нашиот дел од преговорите со Република Северна Македонија не решивме ниту едно прашање, не постигнавме договор за ниту еден проблем. Практично не преговараме затоа што колегите од РСМ се позафатени да кажат за што не сакаат да преговараат“, пишува на Фејсбук, Џамбаски.
Нагласува дека добрососедските односи се клучни за оние земји кои сакаат да бидат дел од ЕУ. Се споменува и раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ.
„Ги охрабруваме Бугарија и Република Северна Македонија да ги решат отворените прашања за да можат да започнат преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ“, изјави Урсула фон дер Лајен.