19 Април, 2024
0.0281

Џебно шкотско виски - нови производи од палетата на Гемак

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Вчера, во Next Door Park Hotel-от, Гемак Трејд ги промовираше новите производи во своето продажно портфолио. Станува збор за ЏЕБНО ШКОТСКО ВИСКИ кое претставува модерен и иновативен производ за комплетно нов начин на уживање во омиленото шкотско виски. 

„Гемак Трејд континуирано работи на проширување на своето портфолио на производи, стремејќи се да ги следи новите трендови и да промовира нови и иновативни форми во FMCG индустријата. 

Во таа насока, е и денешната промоција на џебното шкотско виски, единствен на пазарот по своите карактеристики. Производот доаѓа во модерно и стилско пакување од 20 цл, лесно за носење и во некршлива амбалажа, а самите производи се истото шкотско виски како и во добро познатата стаклена амбалажа“, изјавија од Гемак. 

Новото џебно шкотско виски е идеален додаток кој можете да го понесете со себе или некому да го подарите, а во портфолиото влегуваат следниве производи: JOHNNIE WALKER RED LABEL 0.2цл, JOHNNIE WALKER BLACK LABEL 0.2цл, J&B Rare 0.2цл и The Singleton 0.2цл.

Гемак Трејд е компанија која во изминативе 30 години водена од иновација, храброст и интегритет работи на увоз и дистрибуција на пијалаци, тутунски производи, кафе и храна. Покрај долгогодишните успеси како ексклузивен стратешки партнер на светски најпродаваните брендови, од 2016, Гемак Трејд го прошири своето работење и во доменот на угостителството отворајќи ги двата хотели, Park Hotel & Spa и неодамна отворениот Next Door Park Hotel кои се дел од Parkland Hospitality Group. 

Можеби ќе ве интересира

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!