Џејми Оливер соопшти зошто му пропадна бизнисот
Објавено во: Свет 20 Август, 2019
Познатиот британски готвач Џејми Оливер тврди дека Брегзит е една од причините поради кои пропаднаа неговите ресторани.
Тој вели дека луѓето престанале да одат во ресторани во 2016 година поради економската неизвесност предизвикана од Брегзит.
Од 25 ресторани што Оливер ги има низ Велика Британија, 22 се затворени во последните месеци, а преостанатите три работат блиску до аеродромот „Гетвик“ во Лондон, но и нивната судбина е неизвесна, пренесува ЦДМ.
По пропаѓањето на синџирот ресторани „Џејми Оливер ресторант груп“, 1.000 Британци останаа без своите работни места.
Тој за да ги спаси рестораните вложи повеќе од 14 милиони евра за амортизација на деловните трошоци, но не успеа бидејќи компанијата за само една година изгуби повеќе од 31 милиони евра.
Слична судбина доживејаа и други ланци на ресторани во Велика Британија.