Џек Ма се појави во јавност по три месеци откако ја искритикува кинеската влада

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2021
Еден од најголемите кинески претприемачи, милијардерот Џек Ма, објави видео на Интернет. Со ова заврши неговото скоро тримесечно „исчезнување“ од јавноста, што доведе до шпекулации за неговиот статус и судбината на неговата деловна империја.
На видеото, кое трае 50 секунди, Ма им честиташе на наставниците поддржани од неговата хуманитарна фондација, но не го коментираше неговото исчезнување од јавниот живот и фактот дека неговата група Алибаба и групацијата Ент се под надзор на инспекцијата.
Ма последен пат беше виден на 24 октомври, кога ја критикуваше финансиската инспекција на кинеската влада на самитот во Шангај.
Можеби ќе ве интересира
Македонија продолжува во болна рецесија - БДП лани падна за 4,5 отсто, минус има и во четвртиот квартал

Азески: Ако е стабилно, зошто министре се одложува исплатата на дивидендите
Бесими: До крајот на март првичниот драфт за Царинскиот тарифник

БИТИЌИ: Фирмите за субвенциите за плати можат да аплицираат до крајот на март, а може и да ги исплатат платите, па Владата да им ги врати парите
ПРВИОТ ЧОВЕК НА КОМОРАТА, АЗЕСКИ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ: Собранието да не ги кочи економските закони

ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА СВАДБИ ДА ПРЕДЛОЖАТ ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА - но конечниот збор ќе го каже Комисијата за заразни болести

До каде е изградбата на експресениот пат Штип-Кочани, кај Крупиште
