ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ ГО ПРОЗВА МИЦКОСКИ: Зошто не изградивте ниту една електрична централа додека бевте директор на ЕСМ
Објавено во: Економија 05 Октомври, 2022
Ексминистерот за финансии Џевдет Хајредини, практично го прозива лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, велејќи дека тој треба да објасни зошто ниту една од електричните централи предвидени во програмата на партијата „Преродба во 100 чекори“ не е изградена кога тој бил директор на тогашното АД ЕЛЕМ, сега АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ).
Ова Хајредини денеска го истакна на својот фејсбук профил, откако деновиве има прилично жестока дискусија меѓу власта и опозицијата околу справувањето со енергетската криза што сериозно ја тресе земјава.
„Никому, од една страна, не му е јасно што е толку страшно Ковачевски или Битиќи да се сретне со Мицкоски и да му го каже истото тоа што го кажува секој ден? Од друга страна, и Мицкоски треба да објасни зошто барем една од електричните централи, предвидени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ ‚Преродба во 100 чекори', дури и проширена и надградена, не е изградена во време кога тој беше и директор на ‘Електростопанство на Македонија’. Дури ниеден камен-темелник не се постави“, пишува Хајредини на Фејсбук.