29 Март, 2024
0.0260

Џинот се разбуди! Што и направи „Макпетрол“ на својата конкуренција?

Објавено во: Економија 15 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Вложувањата во акцијата на „Макпетрол“ добија реална основа. Компанијата има извонреден раст на приходот од продажба и речиси тројно повисока добивка од 2017 година. Секоја акција на „Макпетрол“ носи профит од 125 евра, колкава ќе биде дивидендата?

„Макпетрол“ ги израдува своите акционери! Најголемата компанија за малопродажба на нафтени деривати лани оствари вкупна сеопфатна добивка од 14 милиони евра што е три пати поголема од профитот остварен во 2017 година. Нето добивката на компанијата лани е 12,6 милиони евра и е два и пол пати поголема од добивката остварена во 2017 година. Секоја акција на „Макпетрол“ носи добивка од 125 евра. Сега веќе на реална основа се зголемуваат апетитите на акционерите за поголема добивка од тоа што беше распределено лани како добивка од работењето во 2017 година.

Компанијата лани оствари приходи од продажба во износ од 351,75 милиони евра. Тоа е раст на приходите од продажба за 17 отсто во споредба со 2017 година што е извонредна стапка на раст на приходи. Кажано во пари ова значи дека приходот од продажба на „Макпетрол“ е зголемен за 50 милиони евра лани во споредба со 2017 година.На домашниот пазар „Макпетрол“ лани остварил продажба вредна 334,2 милиони евра и таа книжи раст од 45,6 милиони евра во однос на 2017 година. Пробив има и на странските пазари. „Макпетрол“ извезол стоки и услуги во вредност од 17,6 милиони евра што е за 4,4 милиони евра во споредба со претходната година.

Оперативната добивка на компанијата изнесува 13,5 милиони евра и е за два и пол пати поголема од лани. Оперативните расходи се 340,9 милиони евра и се 14 отсто поголеми од претходната година односно 42,6 милиони евра. Нето позитивната разлика меѓу растовите на приходите од продажба и оперативните расходи е 7,4 милиони евра. Ова е резултат на ефикасна алокација на ресурсите и добро планирање.

Од билансот на успех е видливо дека „Макпетрол“ солидно ги менаџира финансиските приходи и финансиските расходи. Од билансот на состојба се гледа дека компанијата на крај на 2018 година има пониско ниво на обврски во однос на 2017 година и тоа за 5 отсто и нивниот износ е 66,6 милиони евра. Од друга страна нивото на краткорочни кредити е 42,7 милиони евра и тие се зголемени за 1.8 милиони евра во однос на претходната година.

Лани „Макпетрол“ за дивиденда на своите акционери исплатил 2,53 милиони евра, а за откуп на сопствени акции платил 3,15 милиони евра.


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?