19 Април, 2024
0.0256

„Џонсон и Џонсон“ стартуваат големо испитување за нивната вакцина „со еден истрел“

Објавено во: Свет 23 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Воден од позитивни резултати во претходните студии, „Џондон и Џондон“ ја започнаа последната фаза на клинички испитувања за вакцината за коронавирус.

Како што објави Њујорк Тајмс, иако заостануваат неколку месеци од другите таканаречени Фаза три испитувања во Соединетите Американски Држави, испитувањата на „Џонсон и Џонсон“ ќе бидат најголеми, со планови за дури 60.000 учесници. 

А, експерименталната вакцина може да има значителни предности во однос на некои нејзини конкуренти, велат експертите. Не треба да се чува на температура под нулата и може да биде потребна само една доза, наместо две.

„Би било прекрасно кога би имале нешто во една доза“, рече д-р Џудит Фајнберг, заменик-претседател за истражување медицина на Универзитетот во Западна Вирџинија, која не беше вклучена во студијата.

Само едно испитување во Фаза 3, кое ги споредува ефектите на вакцината со оние на плацебо, може да утврди дали единечна доза е навистина ефикасна, рече д-р Фајнберг. Но, ако успее, тоа во голема мера може да ги забрза напорите за спречување на пандемијата.

„Вистинското прашање тука е времето“, рече таа. „Треба многу брзо да вакцинираме многу луѓе“.

Пробниот период започна во понеделникот. На прес-конференција во вторникот, д-р Пол Стофелс, главен научен директор на „Џонсон и Џонсон“, рече дека компанијата можеби ќе може да утврди до крајот на годината дали вакцината е безбедна и ефикасна. Компанијата наскоро ќе објави ракопис преку Интернет со податоци од претходните фази на нејзините испитувања, рече тој.

Експерименталната вакцина на „Џонсон и Џонсон“ користи аденовирус за пренесување ген од коронавирусот во човечки клетки. Потоа клетката произведува коронавирусни протеини, но не и самиот коронавирус. Овие протеини можат потенцијално да го подготват имунолошкиот систем за да се борат против подоцнежна инфекција од вирусот.

Вакцините против аденовирус мора да се чуваат во фрижидер, но да не се замрзнуваат, за разлика од двете првопласирани вакцини од страна на Модерна и Фајзер, кои зависат од парчиња генетски материјал познат како mRNA. Условот за замрзнување може да ја отежне дистрибуцијата на овие вакцини, особено на места без напредни медицински установи.

За вакцините на „Модерна“ и „Фајзер“, исто така, се потребни две дози кои ќе се даваат на неколку недели.

„Мислам, само размислете за себе - колку полесно би било да одите кај вашиот локален лекар или во вашата локална аптека и одеднаш да биде завршена работата?“ рече д-р Даниел Барух, вирусолог.

Д-р Барух го водеше развојот на вакцината за аденовирус во раните 2000-ти. „Џонсон и Џонсон“ го стекнаа и го искористија за да направат вакцини за ебола, Х.И.В., респираторен синицијален вирус и Зика.

Кај сите проби, односно 100.000 луѓе кои примиле аденовирусна вакцина во клинички испитувања за овие четири болести, немале некои сериозни несакани ефекти.

Вакцината против ебола на „Џонсон и Џонсон“ беше лиценцирана во Европа во јуни. Спротивно на тоа, дизајнот за другите три вакцини за коронавирус во испитувањата во Фаза 3 во САД сè уште не е лиценциран за лекување на какво било заболување. 

Навикнат на типично бавното темпо на истражување на вакцините, д-р Баруш е зачуден од последните осум месеци брза работа на вакцината за коронавирус.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените