ЏОНСОН ИМ ГИ ВРЗА РАЦЕТЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ: Британскиот парламент суспендиран, драмата продолжува
Објавено во: Свет 09 Септември, 2019
Британската влада потврди дека парламентот ќе биде суспендиран од денес до 14 октомври.
Портпаролот на Владата Џејмс Слек рекол дека парламентот ќе биде распуштен или суспендиран на крајот на работниот ден, пренесе АП.
Британскиот премиер Борис Џонсон претходно најави дека ќе ги „испрати дома“ пратениците во текот на неделава.
Со суспензијата се ограничува можноста парламентот да ги запре плановите на Џонсон за Брегзит.
Џонсон рекол дека Британија мора ја напушти ЕУ до 31октомври, со или без договор.