ДЗС почнува кампања за заштита од пожари
Објавено во: Македонија 14 Јули, 2019
Директорот на ДЗС, Аднан Џафероски денеска на прес-конференција изјави дека почнуваат кампања за заштита од пожари, при што ќе делат информативни материјали на патарините, во националните паркови, и други места.
Целта е да се делува превентивно и едукативно.
„Влегуваме во критичен период за појава на пожари на отворен простор“, рече Џаферовски.
„Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“, е мотото на кампањата.