25 Април, 2024
0.0306

Џудо федерацијата на Македонија и Факултетот за физичко образование, потпишаа меморандум за соработка

Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

(Скопје, 17.09.2020) - Џудо федерацијата на Северна Македонија и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје потпишаа Меморандум за соработка преку кој ќе се даде научна поддршка за реализација на развојната програма на федерацијата. Со научната и експертска поддршка од Факултетот ќе се овозможи едукација на кадрите како и подигање на нивото на знаење и вештини кај членството на федерацијата.

“Дел од развојната програм на федерацијата е вклучување на институции и стручни лица од повеќе области кои можат да помогнат во развојот и унапредувањето на џудото во Македонија, и тој план започнува да се реализира токму со овој Меморандум, како прв и многу значаен чекор. Џудото како спорт има перспектива во Македонија и работата на Федерацијата само ги потврдува капацитетите, кои што треба да ги стимулираме и да создадеме простор за уште поголема експанзија. Преку оваа соработка со Факултетот за физичко образование, нашето членство ќе добие значајна помош и стручна поддршка”, изјави Владимир Трпаноски, претседател на Џудо федерацијата на Северна Македонија.

За исполнување на целите на соработката, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе изготвува и реализира истражувачки проекти поврзани со џудо спортот, како и тестирања за антрополошкиот статус на џудистите од различни возрасни категории со препораки за подобрување на нивниот развој. Токму тоа ќе даде голем придонес во институционализирање и професионализирање на џудото како спорт.

“Унапредувањето на џудо културата и спортот во Македонија е од големо значење за секого, пред се заради големиот интерес и потенцијал што постои во Македонија. Федерацијата прави многу за популаризација на овој спорт и тоа преку едукацијата за џудото, па токму во таа насока е и оваа соработка, само подигнато на повисоко ниво”, истакна проф. д-р Ленче Алексовска Величковска, Декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет