Џулијето Киеза: Oва не е демократија, 200 до 300 луѓе управуваат со светот
Објавено во: Свет 13 Ноември, 2017
Структурата на власт на Западот, кој покрива 3,5 милијарди луѓе, е несигурна, и 200 до 300 луѓе ги донесуваат сите одлуки. Либералната демократија е мртва, уништена. 200 до 300 луѓе управуваат со светот, вели италијанскиот новинар и политиколог, Џулијето Киеза.
Според него, ова не може да се нарече демократија.
"Капитализмот е веќе мртов. Нема капитализам во обликот кој го проучувавме. Денес тоа е чудовиште кое мутирало надвор од сите очекувања. Ова не е шега. Нема пазари. Комплетниот процес кој Маркс го предвидел, парична и робна размена, повеќе не постои. Постојат само пари. Ова е структура која во целост е зависна од производство на пари. Мора да ја наречете со други зборови"- рекол тој на расправата во Меѓународниот клуб "Софија".
Меѓутоа, тој исто така смета дека е прерано да се зборува за "нов светски поредок". Дел од светот - Кина, Русија, Индија и бројни други земји - ја преземале контролата од светските елити се однесуваат сосема независно.