15 Август, 2020
0.0176

ЕБОР апликација за мобилен телефон наменета за промовирање зелени технологии

Побрзо финансирање за климатските промени во време на корона вирус и потоа

Објавено во: Мои пари 29 Јули, 2020

-Tech Selector апликација идентификува околу 18.000 најдобри зелени технологии во својот ранг

Мобилна апликација за побрзо испорачување на финансирање на проекти за климатски промени

Бизниси, домаќинства, производители и продавачи ќе имаат корист од зајакнатиот пристап до информации достапни на повеќе од 10 јазицикорона вирусот.

Технологијата и дигитализацијата продолжуваат да ги трансформираат начините на кои работи финансискиот сектор. Иновативните апликации од дигиталната технологија наменета за финансиски услуги како Tech Selector, нудат пристап до услугите на финансиските институции и нивните клиенти, со подобрување на пристапот до информации за зелените технологии и финансирање на активностите за намалување на климатските промени.

Бизнисите и сопствениците на домаќинствата ќе можат да ги користат мобилните телефони за да пребаруваат над 18.000 технологии кои ја подобруваат енергетската ефикасност, обезбедуваат обновливи извори на енергија, го намалуваат користењето на вода и спречуваат ерозија на почвата.

Корисниците ќе може лесно да ги идентификуваат технологиите кои имаат придобивки од поддршката на ЕБОР преку Програмата за финансирање на зелени економии (Green Economy Financing Facility- GEFF) , Програма за олеснување на трговијата за зелени економии (Green Trade Facilitation Programme)  или Програма трансфер центар за финансирање и технологии за климатски програми ( Finance and Technology Transfer Centre for Climate Change programme-FINTECC).

,, Пандемијата на корона вирусот го забрзува префрлувањето кон онлајн трговијата. Ова еможност за унапредување на еколошката состојба во економиите на земјите. Нашата нова апликација го подобрува пристапот до информации во економиите каде мобилниот интернет е честопати понапреден од широко-појасните услуги. Tech Selector ги носи зелените технологии на еден клик до бизнисите и домаќинствата, со што ќе се овозможи намалување на сметките за комуналии, зголемување на продуктивноста и конкурентноста и подобрување на удобноста на домовите или деловните простории, " изјави Ксенија Брокман, Помошник директор за енергетска ефикасност и климатски промени, ЕБОР.

Tech Selector ќе ја забрза реализацијата на финансирање на проекти за поддршка на климатските промени преку Програмата за финансирање на зелени економии, другите финансиски инструменти на ЕБОР, меѓународните донатори и партнери Европската Унија (ЕУ)Зелениот климатски фонд (Green Climate Fund-GCF) и Климатскиот инвестициски фонд (Climate Investment Fund-CIF).

Иновативната апликација се базира на Селекторот на зелени технологии (Green Technology Selector), првата алатка за е-трговија лансирана во 2018 година од страна на ЕБОР. Оваа онлајн платформа во шопинг стил, овозможува корисниците да имаат пристап до глобалните ресурси на зелени технологии, и е достапна во регионите каде ЕБОР има активности, но и вон нив.

Поставени се повеќе од 70 производи на платформата и апликацијата, а рангот на селектирањето варира од енергетски ефикасни топлински пумпи и соларни панели кои произведуваат обновлива енергија, па сè до иригациони системи за ефикасно искористување на водата и машини за сеење кои овозможуваат одржливо менаџирање на земјата.

Апликацијата и Селектророт на зелени технологии креираат пазар кој ги прави зелените технологии полесно достапни, истовремено промовирајќи ја меѓу-граничната трговија на економиите во регионите каде ЕБОР има активности.

Производителите од цел свет може да ги достават своите производи во Селекторот на зелени технологии, а локалните продавачи може да ги регистрираат производите и локациите од каде што работата. Доколку доставената понуда ги задоволува барањата, ЕБОР овозможува истата да биде достапна до клиентите, да ја пребаруваат, и на апликацијата и на платформата.

Бизнисите и сопствениците на домаќинствата можат да пронајдат продавачи и производители, и за неколку минути да ја лоцираат најблиската понуда. Веднаш потоа, може да ги достават плановите за купување до финансиските партнери на ЕБОР – локалните банки, лизинг компаниите и институциите за микро-финансирање. Ова ќе го забрза времето на процесирање на барањата на клиентите и ќе направи полесно пристапување до финансирањето преку ЕБОР.

Доколку клиентот реши да инвестира во зелена технологија која не е достапна во нивната земја, истата ќе може да ја увезе преку Програмата за олеснување на трговијата за зелени економии.

ЕБОР ја разви апликацијата Tech Selector и платформата подПрограмата за финансирање на зелени економии (Green Economy Financing Facility- GEFF) со поддршка од донаторското финансирње наМинистерството за финансии на Австрија .

До крајот на 2019 година, ЕБОР и нејзините партнери ко-финансиери, потпишаа над €4.6 милијарди од Програмата за финансирање на зелени економии (Green Economy Financing Facility- GEFF), која работи во над 148 партнерски финансиски институции во 27 земји . Над 190.000 клиенти, вклучувајќи ги малите и средни претпријатија (МСП), корпоративни и резиденцијални клиенти имаа корист од оваа програма на финансирање. Благодарение на овие активности, 8.6 тони емисии на јаглерод диоксид на годишно ниво не беа емитувани во воздухот.

Можеби ќе ве интересира

Има простор за физичка дистанца: "Авалон" за протоколите пред вечерашниот Deeper Underground фестивал"

Има простор за физичка дистанца: "Авалон" за протоколите пред вечерашниот Deeper Underground фестивал"

Биди дел од најголемата шопинг манија во градот: Биди дел од Garage Sale

Биди дел од најголемата шопинг манија во градот: Биди дел од Garage Sale

Онлајн промоција: „Девет – роман во илустрирани приказни“ на белградскиот дизајнер Славимир Стојановиќ-Футро

Онлајн промоција: „Девет – роман во илустрирани приказни“ на белградскиот дизајнер Славимир Стојановиќ-Футро

ЕВН Македонија ги насочува корисниците на алтернативни решенија за плаќање

ЕВН Македонија ги насочува корисниците на алтернативни решенија за плаќање

МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА ЗА ИНОВАТИВНОСТ: Mакедонската компанија SINGULAR-победник на гејминг наградите во Талин

МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА ЗА ИНОВАТИВНОСТ: Mакедонската компанија SINGULAR-победник на гејминг наградите во Талин

Технологијата и квалитетот рака под рака: Лондон Мет и предизвиците на модерното образование

Технологијата и квалитетот рака под рака: Лондон Мет и предизвиците на модерното образование

Халкбанк со ваучери за спортска опрема од 5.000 и 3.000 денари за редовните корисници на апликацијата HalkEco

Халкбанк со ваучери за спортска опрема од 5.000 и 3.000 денари за редовните корисници на апликацијата HalkEco

Донација од ЕуроникелИндустри за Општата болница во Кавадарци

Донација од ЕуроникелИндустри за Општата болница во Кавадарци

Книгата „ Монологија“ со најпознатите монолози на Тошо Малерот во сите книжарници „Литература.мк“

Книгата „ Монологија“ со најпознатите монолози на Тошо Малерот во сите книжарници „Литература.мк“