25 Април, 2024
0.0356

ЕБОР и Шпаркасе банка Македонија ќе го зголемат финансирањето на локалните МСП

Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber


·  ЕБОР одобрува кредит во износ од €10 милиони на Шпаркасе банка Македонија, за натамошно кредитирање на македонските МСП.

·  Компаниите ќе добијат и 1,5 милиони грант од ЕУ ИПА, како дел од Програмата за поддршка на конкурентноста за Западен Балкан управувана од ЕБОР.

·  Најмалку 60% од финансирањето ќе биде инвестирано во проекти на МСП за заштеда на енергија

Шпаркасе Банка Македонија е втората македонска банка која ќе и се приклучи на иницијативата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за поттикнување на кредитирањето на малите и средни претпријатија (МСП) во земјата.

ЕБПР обезбедува €10 милиони на Шпаркасе банка Македонија, од Програмата за поддршка на конкурентноста за Западен Балкан, која заедно со Европската Унија (ЕУ), обезбедува среднорочно и долгорочно финансирање на МСП и им помага да ги достигнат ЕУ стандардите.

Кредитот на ЕБОР е поддржан со €1,5 милиони грант од ЕУ, од Инструментот за пред-пристапна помош (ИПА).

Финансирањето на ЕБОР за Шпаркасе банка Македонија ќе биде насочено кон надградба на производните капацитети за подобрување на конкурентноста на локалните компании, а најмалку 60% од фондовите ќе бидат насочени кон намалување на потрошувачката на енергија и ресурси, и поврзаните трошоци.

МСП кои ќе користат кредити преку Шпаркасе банка Македонија, доколку успешно ги завршат проектите на модернизација до одредени ЕУ стандарди, ќе добијат ИПА грант финансиран од ЕУ.

МСП се главен двигател на Македонската економија. Според податоците на ЕУ, тие придонесуваат со скоро 65% во вкупната додадена вредност и околу 80% во сите работни места во земјата, што  е далеку над просекот во ЕУ каде овие проценти изнесуваат 57% и 66% соодветно. Во почетокот на годинава, сличен финансиски пакет, од истата програма, беше доделен и на Охридска банка.

Програмата за поддршка на конкурентноста за Западен Балкан се стреми да обезбеди вкупно €30 милиони за кредитирање на македонските комерцијални банки, во наредниве години, придружувани од грант од ЕУ во вкупен износ од €6 милиони.

Програмата е надградба на претходната поддршка на конкурентноста во износ од €20 милиони, која беше пласирана од 2010 до 2015 и беше поддржана од Европската Унија која обезбеди €4 милиони грант.

ЕБОР инвестира во Македонската економија од 1993 година. До денес, Банката има потпишано над 110 проекти во земјата, со нето кумулативен бизнис обем од над €1.75 милијарди.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка