18 Април, 2024
0.0411

ЕБОР со заем од 10 милиони евра ќе ги покрива загубите на М-НАВ

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека размислува да обезбеди заем до 10 милиони евра (11,6 милиони американски долари) за М-НАВ, давателот на услуги за воздухопловна навигација на Република Северна Македонија.

Кредитирањето е, како што се вели во соопштението на ЕБОР, да им помогне на „Македонски навигации“ да се опорави од негативните ефекти од пандемијата „Ковид-19“.

Воздухопловната навигација „М-НАВ“, која секогаш може да се пофали со големи приходи, годината 2020 ја заврши со загуба од неверојатни 358 милиони денари поради намалениот број на прелети. Приходите биле само 487 милиони, додека расходите изнесувале 845 милиони денари. Се очекува и текот на 2021 да биде отежнат.

Потенцијалниот заем ќе се кофинансира со заем до 5 милиони евра од локална банка, кој ќе се искористи за рефинансирање на тековната изложеност на ЕБОР и обезбедување ликвидна поддршка, се вели во резимениот документ на ЕБОР.

„Заемот од ЕБОР ќе се искористи за да обезбеди максимално финансирање и поддршка за ликвидноста на М-НАВ, на што негативно влијаеше драстичното намалување на воздушниот сообраќај поради „Ковид-19“, соопшти банката.

Според документот, датумот на одобрување на заемот е определен за 15 декември.

Предложената трансакција е во согласност со Програмата за поддршка на виталната инфраструктура под пакетот солидарност на ЕБОР „Ковид-19“.


Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи