28 Март, 2024
0.0248

ЕБОР започнува со програмата за финансирање на енергетска ефикасност во домаќинствата во Македонија

€8 милиони за поттикнување на зелената економија

Објавено во: Мои пари 24 Април, 2018

Добивај вести на Viber

·  ЕБОР започнува со финансирање на домаќинствата во Македонија преку програмата за енергетска ефикасност;

·  Охридска банка Сосиeте Женерал и Шпаркасе банка Македонија ќе бидат првите банки преку кои ќе се пласираат средствата;

·  Програмата ќе ги поддржува инвестициите во домаќинствата и ќе придонесе за заштеда на енергија;

ЕБОР започнува со финансирање на домаќинствата преку Програмата за финансирање на енергетска ефикасност (Green energy efficiency financing facility-GEFF), која ќе обезбеди финансирање за подобрувањето на енергетската ефикасност во домовите.

Охридска банка Сосиете Женерал и Шпаркасе банка Македонија потпишаа договор со ЕБОР, со што станаа првите локални банки, кои ќе пласираат кредитни линии во вкупен износ од €4 милиони (по €2 милиони секоја), наменета за натамошно кредитирање на домаќинствата. Дополнителни €4 милиони  е планирано да се пласираат преку други локални банки. Овие инвестиции ќе им помогнат на домаќинствата да бидат на повисоко ниво на енергетска ефикасност, ќе ги намалат нивните емисии на гасови и ќе го подобрат нивниот животен стандард. GEFF програмата за Македонија е дел од програмата за Западен Балкан во износ од €85 милиони.

Настанот во Скопје на кој се презентира ова финансирање, ги собра на едно место учесниците во GEFF, вклучувајќи ги донаторите, државните претставници, претставниците на локалните банки, добавувачите и производителите на соодветни технологии за домовите.

Физичките лица  ќе можат да подигнат кредити од овие партнерски финансиски институции, за да се снабдат со технолошки решенија за користење на зелената енергија, како што се прозорци со двојни стакла, енергетски ефикасни бојлери или термална изолација за домовите.

Домаќинствата кои ќе инвестираат во технологии на енергетска ефикасност ќе можат да аплицираат за грант од ЕУ во износ до 20% од нивната инвестиција. Продавачите и производителите на решенија за енергетска ефикасност за резиденцијалниот сектор, исто така ќе можат да пристапат до финансирањето од GEFF програмата. Како дополнување на самото финансирање, оваа програма обезбедува и техничка помош, вклучувајќи ревизија на енергетската состојба за реновирање на станбените згради.

GEFF програмата во Македонија се имплементира под Регионалната програма за енергетска ефикасност (GEFF) за Западен Балкан (Regional Energy Efficiency Programme for the Western Balkans-REEP Plus), финансирана од ЕУ и имплементиранa во партнерство со Секретаријатот за енергија на заедниците. Програмата го поддржува и развојот на законот за енергетска ефикасност во земјата согласно европските директиви за енергетска ефикаснсот и користење на истата во згради. Вкупниот износ на распoлагање за финансирање за станбениот сектор во износ од €135 милиони е поддржан со дополнителни €30 милиони од ЕУ фодовите и €1.8 милиони од  Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан, како и €3.3 милиони обезбедени од Австриското федерално Министерство за финансии

Повеќе информации можете да пронајдете на www.ebrdgeff.com/macedonia

Можеби ќе ве интересира

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА