20 Април, 2024
0.0349

ЕЦБ најавува зголемување на каматните стапки

Објавено во: Финансии 12 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард најавува промена на каматните стапки во јули, со цел спротивставување на зголемената инфлација.

Во говорот во Љубљана во средата (11-ти мај), претседателката на ЕЦБ посочи оти зголемувањето на каматните стапки би можело да дојде откако ќе заврши практиката на масовно купување државни обврзници од еврозоната.

-  Иако ова звучи како повторување, оваа изјава е значаен чекор напред. Тоа е многу јасно навестување, не може појасно да се каже. На состанокот на ЕЦБ на 21 јули ќе го добиеме првото зголемување на стапката - вели за Дојче веле Карстен Брзески, главен економист на германската банка ИНГ.

Слично како Лагард размислува и претседателот на германската централна банка, Бундесбанк, Јоаким Нагел. Тој посочи дека високата инфлација ја намалува куповната моќ на домаќинствата и, заедно со несигурноста околу украинската војна, доведува до губење на довербата.

-  По завршувањето на откупот на државните обврзници во јули, каматната стапка треба да се зголеми - посочил Нагел.

Според него неопходно е да се дејствува брзо, бидејќи во спротивно постои опасност да дојде до спирала на раст на цените и платите, што би довело до излегување на инфлацијата од контрола. По последниот состанок на Советот на ЕЦБ во средината на април, Кристин Лагард не сакаше јасно да каже кога каматните стапки би можеле да се зголемат.

Кристин Лагард и претседателот на Бундесбанк Нагел во средата уште еднаш нагласија дека одлуките на централната банка ќе се засноваат на актуелните економски податоци.

Водечката каматна стапка во еврозоната е нула проценти повеќе од шест години. Банките кои ги „паркираат“ парите кај централната банка дури треба да платат и негативна камата од 0,5 отсто. На овој начин ЕЦБ во последните години се обидува да го задржи протокот на пари за кредити, а со тоа ја зајакнува економијата. Примарниот мандат на ЕЦБ е да обезбеди стабилност на цените, а според нив тоа е постигнато кога инфлацијата е околу два отсто.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин