29 Март, 2020
0.0306

ЕДЕН МЕСЕЦ КАКО ЈА НЕМА - мистеријата продолжува, по Марија уште се трага

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2020

Утре ќе се наврши точно еден месец како нема ни трага ни глас од малдата Марија Брзакова од струмичкото село Босилово. 

Фактор се интересирапе дали од Обвинителството, односно конкретно во струмичкото обвинителство, има некакви нови моменти околу Марија, но оттаму велат дека нема ништо ново. А кога ќе имаат било какви информации, за тоа ќе ја известат јавноста.

„Се преземаат сите дејствија и се уште се врши потрага по лицето“, велат од Обвинителството.

Во меѓувреме се шират и бројни шпекулации околу Марија, што е и лочично за еден вака мистериозен случај. Една од нив беше дека Марија можеби ја напуштила земјава, иако тоа е многу тешко веројатно, бидејќи како што кажаа нејзините најблиски, таа кога заминала, кај себе немала лични документи. 

Но од Обвинителството не кажуваат ништо ниту околу оваа, ниту околу било која друга гласина што се појавува за Марија. 

„Се прават сите проверки, се трага во сите насоки, но ништо такво досега не е утврдено“, велат од Обвинителството. 

Пред околу десетина дена Министерството за внатрешни работи ја стави Марија Брзакова на списокот на исчезнати лица. 

Објавена беше и нејзина фотографија која треба да им помогне на граѓаните, доколку го лоцираат лицето, сите информации што ги имаат за него, или да ги достават до најблиската полициска станица, или да се јават на дежурниот број на МВР.

Марија Брзакова од Босилово, која е родена во 1991 година, исчезна на 18 јануари, и оттогаш и се губи секаква трага.

МВР долго трагаше по Марија, а во потрагата се вклучија и специјални тимови, па дури и граѓани доброволци, кои ја бараа дури до бугарската граница, но безуспешно. 

Дел од шпекулацииите што се појавија во јавноста во отсуство на официјални информации, се дека младата Марија била бремена во вториот месец, како и дека додека живеела во Швајцарија, се до септември минатата година, имала семејни проблеми. 

Во меѓувреме, Марија се бара и преку групи на социјалните мрежи, кои бројат поголем број членови. Се споделуваат фотографии од младата жена и мајка на малолетно дете, а граѓаните се молат за било какви информации да се јават или во МВР, или на телефонскиот број кој е оставен за контакт.

Можеби ќе ве интересира

Следете во живо, прес-конференција на министерот Венко Филипче

Следете во живо, прес-конференција на министерот Венко Филипче

Владата објави комуникација помеѓу Мицкоски и Рашковски и демант за наводни провизии од чартерите

Владата објави комуникација помеѓу Мицкоски и Рашковски и демант за наводни провизии од чартерите

Министерот за одбрана Ристовски: Приклучете се на шампионскиот тим, купувајте македонски производи

Министерот за одбрана Ристовски: Приклучете се на шампионскиот тим, купувајте македонски производи

Се зголеми забраната за движење, се зголемија и прекршоците

Се зголеми забраната за движење, се зголемија и прекршоците

Оштетувале табла со новото уставно име на граничниот премин Деве Баир

Оштетувале табла со новото уставно име на граничниот премин Деве Баир

Самир Љума, снимателот на „Медена земја“, во државен карантин

Самир Љума, снимателот на „Медена земја“, во државен карантин

Третиран првиот пациент во ГОБ „8 Септември“ од корона вирус

Третиран првиот пациент во ГОБ „8 Септември“ од корона вирус

Шилегов ги замени контејнерите што беа запалени за време на полициски час

Шилегов ги замени контејнерите што беа запалени за време на полициски час

Запалени нови контејнери во центарот на Скопје додека траеше полицискиот час

Запалени нови контејнери во центарот на Скопје додека траеше полицискиот час