26 Јануари, 2021
0.0190

#EdgarsChristmas (Божиќот на Едгар): Посебна божиќна реклама за оваа невообичаена година

Објавено во: Мои пари 30 Ноември, 2020

Веќе трета година по ред, Групацијата Ерсте подготви анимирана реклама посебно наменета за божиќните празници, што несомнено ќе Ви го привлече вниманието со својата креативност. Банкарската групација со седиште во Виена ја објави приказната за тоа како Едгар го прослави Божиќ (#EdgarsChristmas) под хаштагот #верувајвосебе (#believeinyourself), преку медиумски канали на единаесет пазари во Централна и Источна Европа и ѝ ја претстави на глобалната публика преку социјалните мрежи. Групацијата Ерсте се етаблираше како еден од најуспешните брендови во светот кога станува збор за божиќни реклами. Рекламите стекнаа масовна популарност и се прегледани преку 180 милиони пати. И овој пат, Jung von Matt DONAU беше креативно одговорен за продукцијата.

Приказната за тоа како Едгар го прослави Божиќ (#EdgarsChristmas) може да ја погледнете наFacebook, YouTubeиTwitter

Короната ни наложи нов контекст

Оваа година, без сомнение беше потешко да се утврди почетната точка за емотивна божиќна приказна од која било претходна година. Глобалната пандемија предизвикана од корона вирусот остави белег на сè и на секого, а креаторите на #EdgarsChristmas сакаа да го прикажат тоа во својот проект.

„Осаменоста и изолираноста беа теми што ја одбележаа оваа пандемска година. За жал, ваквата состојба ќе продолжи за повеќето од нас и во текот на божиќните празници, празници кои вообичаено можеме да ги поминеме блиску до своите семејства и пријатели. Сакавме да покажеме што сè е можно кога луѓето си помагаат едни на други и си даваат поддршка, кога веруваат во себе и во другите, особено во вакви тешки времиња“, вели Мартин Раџаби-Расет, Директор за управување со брендот на групацијата Ерсте.

Докажан тим на креативци

И овој пат, Jung von Matt DONAU е одговорен за креативната реализација на најновата божиќна реклама на Групацијата Ерсте. Креативниот режисер Мајкл Наги изјави: „Откако направивме две екскурзии во светот на анимираните животни, оваа година обработуваме тема што секоја година е важна за Божиќ, но е уште поважна во овие невообичаени времиња – а темата е: да си помагаме едни на други. Токму тоа е мислата што ја води Мари, негувателката полна со оптимизам и енергија, која не сака да прифати дека композиторот Едгар, кого староста го довјасува, сè повеќе се повлекува во себе додека постепено го губи слухот. Со помош на другите станари во домот за стари лица, Мари успева да го стопли срцето на Едгар и да овозможи тој да ужива во многу посебна прослава на Божиќ.“

Успешна божиќна приказна

По „Ежот Хенри“ (Henry the Hedgehog) (2018 г.) и „Бумбарчето Хана“ (Hanna Bumblebee) (2019 г.), „Божиќот на Едгар“ (#EdgarsChristmas) е третата меѓународна божиќна реклама што Групацијата Ерсте ја прави заедно со Jung von Matt DONAU. Предизвикот да се направи подеднакво добра реклама оваа година беше многу тежок, со оглед на тоа што претходните две божиќни видеа се прегледани преку 180 милиони пати.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Акција на Спорт Лајф за најголем број погодени натпревари!

Акција на Спорт Лајф за најголем број погодени натпревари!

Онлајн-промоција на македонски превод на комедијата „Мир-Божица – Ејрене“ од Аристофан

Онлајн-промоција на македонски превод на комедијата „Мир-Божица – Ејрене“ од Аристофан

Што ако ви кажеме дека најстилските парчиња во Fashion Group се на -70%?

Што ако ви кажеме дека најстилските парчиња во Fashion Group се на -70%?

Зона на чист воздух во суперсторот „Литература.мк“

Зона на чист воздух во суперсторот „Литература.мк“

Мит или вистина - Колку знаете за никотинот?

Мит или вистина - Колку знаете за никотинот?

Мукаетов ќе биде претседател на РФМ најмалку до 2025 година!

Мукаетов ќе биде претседател на РФМ најмалку до 2025 година!

Eurohold доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство за превземање на филијалите на Групацијата CEZ во Бугарија

Eurohold доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство за превземање на филијалите на Групацијата CEZ во Бугарија

Онлајн-промоција на првиот „Македонско-унгарски разговорник“

Онлајн-промоција на првиот „Македонско-унгарски разговорник“

Силк Роуд Банка од утре започнува со предвремена исплатата на пензиите за јануари

Силк Роуд Банка од утре започнува со предвремена исплатата на пензиите за јануари