Еди Рама го маваа со јајца во Фиер
Објавено во: Балкан 09 Мај, 2018
При заминување од објект во кој имал средба со жителите на градот Фиер, албанскиот премиер Еди Рама го гаѓаа со јајца.
Како што јави дописникот на МИА, засега нема официјална информација за тоа кој гаѓал кон Рама, чија средба со граѓаните беше во рамки на активностите на Владата за отчетност пред јавноста.
Ова не е прв ваков случај со кој се соочува Рама. Со јајца тој беше гаѓан и пред Факултетот за социолошки науки во Тирана од група студенти кои протестираа против школарините.
Неодамна врз Рама беа фрлени брашно и вода, во собраниската сала.